еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: За 24 часа во ковид центрите во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информира Министерството за здравство.

“Вкупно 48 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Приеми немало ниту во ковид центарот во ГОБ 8 Септември и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 4 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 13 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 28 пациенти.

Вкупно 48 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Собранието продолжува расправата за реконструкцијата на Владата

Редакција

Градоначалникот Димитриевски: Македонија беше окупирана од фашистичка Германија, Бугарија и Италија во Втората светска војна

Редакција

Починаа 26 лица од Ковид-19, вкупно 1.238

Редакција