еМагазин
Image default
Бизнис

Убава вест за акционерите: ТТК Банка ќе дели бруто-дивиденда од 110 денари по акција

Собранието на акционери на TTK Банката, на седницата одржана на 31.3.2020 година ќе одлучува по предлог одлуката  за определување на износот на дивидендата и датумите на исплата на дивиденда за 2019 година (дивиденден календар), соопшти банката преку Македонската берза.

Се предлага да се исплати дивидендата во бруто-износ од 99.867.680 денари. Висината на бруто-дивиденда по акција ќе изнесува 110 денари, односно 11 % од номиналната вредност на акциите којашто изнесува 1.000 денари.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2019 година е 13.4.2020 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2019 година е 14.4.2020 година. Исплатата на дивиденда за 2019 година ќе започне на 29.4.2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТТК Банка на менаџерите лани им исплатила плати и надоместоци од 958.000 евра

ТТК Банка лани со добивка од 1,7 милиони евра

ТТК Банка: Престанокот на производство во „Тетекс“ нема да влијае врз нашата работа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Листа на должници на УЈП: Јавни претпријатија должат милиони неплатен данок

Редакција

Комерцијална не ги објави примањата на Фатмир Етеми, член на НО, кој купи 500 акции на Банката

Редакција

Од септември Србите ќе плаќаат поскапа цена на струјата за 8 отсто

Редакција