еМагазин
Балкан

Грција: Пациент со Ковид-19 исклучил друг заболен од респиратор

Човек што се лекувал од Ковид-19 во атинска болница е уапсен под сомнение за убиство на друг пациент откога го исклучил од респиратор, пренесе АП.

Грчката полиција информира дека осомничениот, чие име не е соопштено, останува под стража во атинската болница сѐ додека не закрепне.

Пациентот (76), кој исто така се лекувал од Ковид-19, починал во средата вечерта откога лекарите од болницата „Црвен крст“ утврдиле дека му е изваден респираторoт без знаење на доктор.

Фото: Екатимерини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Историско сослужување во Фанар за Педесетница со учество на Охридскиот архиепископ“: грчките медиуми за заедничката литургија на поглаварите Стефан и Вартоломеј

Редакција

Филмот „Џокер“ ја стресе Грција: Полиција упадна во две кина и вадеше малолетници

Редакција

(ВИДЕО) Фатен моментот на експлозија на бомбата во дворот на грчката телевизија Скај

Редакција