еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Убивање и труење на бездомните кучиња НЕ е решението

Лавина од негативни реакции по социјалните мрежи предизвика големата несреќа која се случи во Гостивар, во која трагично почина тинејџерка, која се удави, бегајќи да се спаси од куче бездомник.

И со право.

Прво и основно, поради нерешавање на овој сериозен проблем, сега имаме и жртва, згасна еден млад живот.

Второ, проблемот со бездомните кучиња ескалираше. До сега не се преземаше ништо да се реши проблемот, иако во полицискиот билтен секој ден има информација за напад од најчесто бездомни кучиња, па на годишно ниво низ земјава од кучиња се нападнати стотици и стотици граѓани.

НО, решавањето на проблемот НЕ е сега да ги убиеме или отруеме бездомните кучиња, како што се повикува на социјалните мрежи.

Дури и ловџии се нудат да ја „завршат“ работава!

Решението треба да биде систематско и во корист на луѓето, и во корист на кучињата.

Се знае што најмногу треба. Пристојни прифатилишта за кучињата и истите да се тргнат од улица.

Ем подобро за нив, ем подобро за нас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иницирани законски измени за решавање на проблемот со бездомните кучиња

Проблемот со уличните кучиња станува алармантен: Треба ли уште некој да загине, за да се реши

Детали од МВР за девојчето кое се удави во Вардар бегајќи од куче-скитник

Детали од Обвинителството: Девојчето кое се удави било нападнато од куче кога се враќало од училиште

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Гранит“ го доби тендерот за изградба на автопат Блаце-Скопје вреден 14,3 милиони евра

Редакција

Пендаровски: Правото на приватност е загарантирано со Уставот, одговор за „Јавна соба“ мора да има во најкус рок

Редакција

Фотографиите на Абази со првите луѓе на ДУИ оставаат простор да се верува дека постоело некакво влијание, вели претседателката на Антикорупциска, Ивановска

Редакција