еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

УЕФА не е ни прва, ни последна која ќе не нарекува „Северномакедонци“

Само неколку дена откако државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, измисли „северномакедонски“ јазик, во македонските медиуми осамна информацијата дека на сајтот на УЕФА, во делот каде се преставени фудбалските федерации, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Мухамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски се запишани дека по националност се “Северномакедонци“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сејдини и Поповски не се “Северномакедонци“: Реакција на МНР до УЕФА

Португалија измисли „северномакедонски“ јазик, и тој потекнува од бугарскиот

Овие примери покажаа практично колкава штета всушност создава различното толкување на Договорот од Преспа и промената на уставното име на Македонија, за македонскиот идентитет, иако во истиот јасно е наведено дека во новоименуваната држава Северна Македонија се зборува македонски јазик и живеат Македонци.

За пусто чудо на оваа реагираа од Министерството за надворешни работи (МНР) од каде посочија дека постојано воделе сметка за точната употреба на името на државата, државјанството и етничката припадност на граѓаните на Македонија.

“Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети, итн., кои погрешно употребиле кој било од наведените термини, така реагиравме и до УЕФА, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации“, посочија од МНР.

За жал, овие два примери не се осамени, а по се изгледа нашите институции, како и за многу други работи не си ја завршија навреме својата работа, па вакви ситуации не очекуваат и во иднина.

Надвор од Македонија никој не го слуша премерот Зоран Заев, кој постојано потенцира дека сме Македонци, дури ни еден од потписниците на Договорот од Преспа, поранешниот грчки министер за надворешни работи, Никос Коѕијас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коѕијас во колумна пишува за „северномакедонците“, „славомакедонскиот“ јазик и бугарскиот шовинизам

За Грците, пак, генерално, поради и кој се потпиша Договорот од Преспа останавме „Скопјани“. Таа кованица за време додека македонската фудбалска репрезентација учествуваше на Еуро2020, често можеше да се слушне на грчките телевизии, кои наместо “МКД“, употребуваа “NMK“, иако дури и од УЕФА посочија дека кратенката “МКД“ е во согласност со Договорот од Преспа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЕФА ја одби жалбата на Грција: Кратенката „МКД“ е во согласност со Договорот од Преспа

Кога Грција ќе ги смени патоказите со ФИРОМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски повика на лидерска средба за разговорите со Бугарија: Сериозните прашања се решаваат на маса

Редакција

(Аудио) „Таа Даниела и тој Ратко утре ќе ги убијам“: И денеска „пукаат“ бомби за Јанушев и Јанакиески

Редакција

Детален преглед: Како работеа компаниите кои котираат на Македонската берза во првите шест месеци

Редакција