На Италијанката, Силвија Бертулети и требале 11 дена постојано јавување и убедување на докторите да дојдат да го прегледаат нејзиниот 78-годишен татко Алесандро, кој имал треска и не можел да дише нормално, објави „Ројтерс“.
Кога вечерта на 18 март, докторот конечно пристигнал во нејзината куќа во близина на Бергамо било предоцна. Нејзиниот татко бил прогласен за починат десетина минути пред да дојде повиканата брза помош.
Пред да му се влоши состојбата, единствен лек кој му бил препишан преку телефон биле апчиња против болка и антибиотици.
„Мојот татко беше оставен да умре сам, дома, без помош. Бевме едноставно оставени. Никој не заслужува таков крај“, вели за „Ројтерс“, Силвија Бертулети.
Според интервјуата направени со семејства, лекари и медицински сестри во Ломбардија, овој пример не е невообичаен за овој регион. Според „Ројтерс“, многумина умираат во домовите, без да им се проверат симптомите, а телефонските консултации не се секогаш доволни.
Според неодамнешната студија, само во провинцијата Бергамо, бројот на починати од корона вирусот може да е двојно поголем од официјалната бројка од 2.060 лица, бидејќи властите ги евидентираат само жртвите кои умираат во болниците.
Целата сторија на Ројтерс ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стравот, социјалниот немир и кражбите го заменија пеењето во Италија
Шпанија ја надмина Италија по бројот на заболени од корона вирусот
(Видео) Италијански градоначалници „полудеа“ апелирајќи да се остане дома поради корона вирусот
Фото: Ројтерс/Флавио Ло Скалзо