Унгарија, од задутре, 15 јули, воведуваа нови ограничувачки мерки долж своите граници заради зголемените случаи на коронавирусот во некои од земјите, јави шефот на кабинет на премиерот Виктор Орбан, цитиран од британските медиуми.
Заради надминувањето на епидемијата од коронавирусот во земјата, Унгарија ги разлабави ограничувачките мерки, отворорајќи ги границите за патниците од европските земји, како и за соседните земји надвор од ЕУ.
Според новите правила, унгарските граѓани кои ќе се враќаат од високо ризичните земји, што се поделени на земји со „жолта” и „црвена” опасност од зараза, на границата ќе мора да минат задолжителна медицинска проверка и задолжителен 14-дневен карантин. Таа мерка ќе може да биде избегната само по два последователни негативни теста, направени во предходните пет дена.
Доколку странците влегуваат од „жолти” земји ќе бидат подложени на истите правила.
Меѓутоа, на лицата кои ќе пристигнат од земјите што се означени како „црвени”, заради високата опасност од Ковид-19, како Албанија, Косово, Црна Гора и Украина, нема да им биде дозволено да влезат.
Граѓаните на Србија, Бугарија, Португалија, Романија, Русија, Шведска и Велика Британија спаѓаат меѓу „жолтите” земји.
Транзитниот и товарниот транспорт не се вклучени во задолжителните медицински прегледи, тестови и изолација.
До овој момент унгарските власти јавија за вкупно 4.234 случаи на заразени, како и за 595 умрени пациенти.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 13 милиони лица