Управата за финансиска полиција распиша оглас за вработување на неопределено време на 27 финансиски полицајци. Во огласот се бараат кандидати за советници, раководители, инспектори и други профили службеници.
Платите во зависност од работното место се движат до 47.000 денари.
Управата за финансиска полиција ќе врши безбедносна проверка на избраните кандидати за финансиски полицаец пред склучување на договорот за вработување, по претходно дадена писмена согласност од страна на кандидатите, врз основа на што на кандидатот ќе му биде издаден безбедносен сертификат за класифицирани информации со степен согласно условите предвидени за работното место.
„Кандидатот што ќе ја одбие безбедносната проверка ќе се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Управата“, се вели во огласот.
Повеќе детали ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ