Уставниот суд на Република Македонија на 25-та седница на закажана за 31.10.2018 година (среда) ќе ја разгледува иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на член 66 од Правилата за снабдување со топлинска енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр.97/2012, 109/2013, 126/2015 и 127/2015), донесени од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.
Ви ја пренесуваме оспорената содржина која се однесува на исклучените потрошувачи.
Член 66
(1) Со денот на влегувањето во сила на овие Правила сите претходно исклучени потрошувачи од системот за дистрибуција на топлинска енергија кои се дел од колективните објекти за домување се должни да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година.
(2) Сите исклучени потрошувачи на топлинска енергија кои нема да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година, должни се да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија.
(3) Снабдувачот е должен да им достави договор за снабдување со топлинска енергија на сите исклучени потрошувачи во колективни објекти за домување најдоцна до 01.09.2012 година.
(4) Трошокот за приклучување на потрошувачите од став 1 на овој член е на сметка на дистрибутерот.
Фото: Уставен суд