еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уставните измени се разгледуваат во Правда, ќе се преведат на албански и ќе бидат пратени до Влада

Предлог-иницијативата за уставни измени во Министерството за правда се проверува од номотехнички аспект, а потоа ќе биде дадена на превод на албански јазик, информираат за МИА од Министерството за правда.

Оттаму велат дека откако ќе биде подготвена таа ќе биде испратена до Владата, која треба да ја разгледа и усвои. Потоа, Предлог-иницијативата ќе биде доставена до Собранието.

Според информации на МИА, постапката за носење на уставните измени би требало да започне во средината на јуни.

Работната група на седницата во петокот ја усвои Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување.

Промените се во делот на Преамбулата со тоа што се додаваат неколку народи. После бошњачкиот народ се додаваат зборовите: бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ, изјави по состанокот претседателката на работната група, Маргарира Цаца Николовска.

Втората измена, како што дополни таа, е во делот за дијаспората и во амандманот 34 кој е заменет со член 49 и амандманот 2. Во овој амандман на Уставот на Македонија со кој се заменува членот 49 и амандманот 2, после бошњачкиот народ се додаваат зборовите бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ.

Премиерот Димитар Ковачевски во саботата го повика на средба лидерот на опозоцијата Христија Мицкоски на која, меѓудругото би се разговарале за евроатланскиот пат на земјата. Мицкоски се согласи на средба со тоа што исто така бара на неа да се разговара за тоа што ќе биде со земјата доколку не се усвојат уставните измени. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се противи на уставни измени под овие, како што наведуваат, услови.

Очекувањата се дека оваа средба би се случила од викендот натаму имајќи предвид дека Ковачевски е на службено патување во Братислава.

Како краен рок за устани измени се посочува ноемри, кога треба да заврши скринингот на Европската комисија и да се одржи втората меѓувладина конференција и ќе почнат преговорите по поглавја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски на лидерската нема да се согласи за промена на Уставот

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Криминалци најавуваат ликвидации на Тик Ток, прво за Оки, сега за Раде Трајковски – Штекли

Редакција

Нови 161 случаи на Ковид-19 од 771 тестирања, најмногу во Скопје

Редакција

Заклучоците на Собранието ќе бидат водилка на оваа и на идните влади во ЕУ процесите, вели Ковачевски

Редакција