еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Утре треба да пристигнат првите вакцини од Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев утре ќе извршат примопредавање на донацијата на вакцини од Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од кабинетите на двајцата премиери, Заев ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ на граничниот премин Табановце, со која ќе пристигне и првата пратка на вакцини против коронавирусот за имунизација на граѓаните на Северна Македонија.

По работната средба на граничниот премин, премиерот Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче и српскиот претседател Александар Вучиќ ќе дадат кратки изјави за медиумите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Бугарите во Македонија услов за ЕУ: Колкав е нивниот вистински број?

Редакција

Приватните превозници нема да учествуваат на огласот на Град Скопје, од Владата бараат одземање на ингеренциите на Арсовска

Редакција

Топ пет најтргувани акции на Македонската берза

Редакција