еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Утре услови за локален дожд, од вторник нов влажен бран со снег

Услови за локален дожд претежно во јужните и западните делови од земјата се очекува од утре попладне.

Под влијание на влажен бран во вторник ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен и во текот на ноќта кон среда ќе услови врнежи од снег освен на планините да има и на некои повисоки места.

Во среда ќе биде претежно суво, но ветровито и посвежо.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала, а попладне со умерена облачност. Пооблачно ќе биде во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој на места вдолж Повардарието и на истокот краткотрајно ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени. Попладне ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јули натпросечно топол, највисоката максимална температура 42,1 степени

Редакција

(Галерија) Тевдовски и Шилегов му дадоа поддршка на бугарскиот маратонец Георгиев кој ќе истрча 1.000 км

Редакција

Имунитетот е најдобар сојузник во борбата против корона вирус, како да го подобрите

Редакција