еМагазин
Image default
Да помогнеме

Утре во Зоолошка: Хуманитарен базар за бездомните крзнени пријатели

Многу кучиња чекаат да го најдат својот дом, многу од нив чекаат лекување, операции, храна, топли ќебенца, куќички.

Во недела (03.03), од 12:00-15:00, во ЗOO Скопје ќе бидат поставени кутии за донации, а на влезот ќе има ЗOO базар, каде што ќе бидат поставени штандови со сувенири, привезоци, маички со животински принт.

Сите собрани средства од штандовите, ќе бидат наменети за спасување на животот на многу  крзнени пријателчиња.

Во оваа благородна акција учествуваат и голем дел граѓански активисти и здруженија за заштита на животните кои несебично секојдневно помагаат на бездомните животни.

„Да ги научиме најмалите за љубовта кон животните, емпатијата и помагањето на послабиот, а сепак најискрен човеков пријател“, велат организаторите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Семејство Настески: Ако продолжиме со ова темпо, за 15 дена ќе ги собереме потребните средства за Сара

Редакција

Апел од Црвен крст за Украина: Средствата може да се донираат до 15 март

Редакција

Потребни се средства за имунотерапии за Дијана Димчевска Наумоска која се бори со канцер

Редакција