еМагазин
Image default
Македонија

Вангеловски: Со Заев сум се сретнал неколку пати, а тој се претставува како мој голем пријател

Објавениот разговор или монолог на Зоран Заев ми наликува на негово себепромовирање во голем моќник, но и претставување како мој голем пријател, вели за „Плусинфо“, поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, откако денеска Антонио Милошоски во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ објави аудио снимка на која се слуша гласот на Заев како зборува за предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и за влијанието на власта врз одлуките на Врховниот суд.

„Објавена е аудио снимка во која лицето З.З. кажува дека со мене нешто договорил. Јас тврдам дека во месец мај 2019 година пред Врховниот суд немаше активен предмет во кој тогашното СЈО се појавува како странка која не е овластен тужител во постапките согласно начелното правно мислење на овој суд. Сите тие постапки беа завршени неколку месеци пред тоа.

Со господинот Заев, јас како претседател на највисокиот македонски суд, сум имал неколку средби остварени во премиерскиот кабинет при што бев почестен со кафе и со вода. Од тука, мене објавениот разговор или монолог ми наликува на негово себепромовирање во голем моќник, но и претставување како мој голем пријател“, вели Вангеловски.

Целата изјава ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Снимките на Милошоски веројатно се од разговори со групата осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

(Видео) Нова „бомба“ на Антонио Милошоски: „Заев договорал одлуки на Врховниот суд“

Фото: А1Он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Две лица ја запалиле канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“

Редакција

Ќе го најдат ли утре Груевски судските службеници

Силвана Жежова

Од утре тестирање за коронавирусот во Поликлиника Чаир, а во текот на неделата на уште 3 пункта

Редакција