еМагазин
Image default
Да помогнеме

Веќе два месеци не можат да го погребат Цобе, зашто недостасуваат 4.000 денари

Вистински дела на љубезноста апелираат да се соберат 4.000 денари за да се погреба чичко Цобе кој им подлегна на повредите пред два месеци.

„Скоро два месеци од немилиот настан во Скопје, кога после претепувањето чичко Цобе подлегна на повредите. Се сеќаваме на него но вооедно и апелираме за дособирање на средства за да може да се погреба во Бутел……. Слободан Минциковски (или како што го знаевме сите како чичко Цобе) продаваше стари книги, списанија и учебници во една од дрвените куќички покрај кејот на Вардар во делот на „Дрво Декор“. Тука беше постојано, спиеше, се хранеше и продаваше.

Пред една година едниот син загинува во сообраќајка. Секоја сабота редовно го посетувавме и му носевме храна, но го посетувавме и во текот на седмицата, носејки му постелнина, душеци, лекарства, завои и останато. На 02 август оваа година се случи немил настан, кога во ноќните часови беше нападнат од четворица и беше претепан. После два-три дена Чичко Цобе подлегна на повредите и од тогаш сеуште е во капела Бутел и нема кој да го погреба.

Не беше евидентиран како бездомник, затоа што имаше куќа на негово име во едно скопско село, не примаше социјална помош, има син и ќерка кои не се во можност да ги покријат во целост трошоците. Во изминатиов период се потрудивме да ја решиме оваа ситуација и стапивме во контакт со институции, погребалното Бутел и неколку други здруженија. Останаа уште 4.000 ден кои се потребни за да може конечно Чичко Цобе да се погреба. Доколку сте во можност да помогнете ве молиме да не контактирате, за да ве насочиме каде да го извршите плаќањето“, се вели во апелот на Вистински дела на љубезноста.

Доколку сакате да помогнете обратете се ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хуманитарна акција на Рамсторе и Меѓународниот Балкански Униврезитет

Редакција

Потребна е помош за семејството Мариновски чиј што стан изгоре во пожарот во Кисела Вода

Редакција

Можеме да собереме 20.000 евра: На 12-годишната Кара итно треба да ѝ се дијагностицира ретката болест, а потоа и да се лекува

Редакција