еМагазин
Image default
Македонија

Велигден без полициски час, во сила останатите мерки за заштита од Ковид-19

Полицискиот час вечер нема да важи и граѓаните ќе можат слободно да се движат, со почитување на мерките за заштита – носење маска и држење дистанца. Ова е исклучок само за празникот Велигден и ограничувањето на движењето продолжува утре од 21 час до 05 часот.

Согласно одлуката на Владата од 27 април, со цел справување со пандемијата на Ковид-19 на територијата на државата беше воведен полициски час од 21 часот до 05 часот, следниот ден, со исклучок за претстојните верски празници, Велигден и Рамазан Бајрам. Согласно тоа полицискиот час нема да важи од 1 кон 2 мај и на 12 кон 13 мај.

Верските лидери имаат обврска сè што може да се организира надвор, додека на граѓаните останува одговорноста да нема прекршување на мерките.

Полицискиот час во текот на изминатиот ден не го почитувале 70 лица и биле регистрирани и 553 прекршоци за неносење заштитна маска.

Од МВР апелираат до граѓаните да се почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел заеднички придонес во борбата против Ковид-19.

Владината одлука со која што се ублажија рестриктивните мерки, овозможи и работа на терасите на угостителските објекти, кои претходно беа целосно затворени, но до 20.30 часот.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог закон со кој пратениците ќе имаат само македонско државјанство

Редакција

175 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција

Дел од клиниките стартуваа со системот „Мој термин“ за лицата со хронични болести и малигно болните

Редакција