еМагазин
Image default
Спорт

Вербата, силата, моќта и срцето на терен беа клучни за победата на ОК „Вардар“

Тимот на ОК „Вардар“ го совладата тимот на „Универзитет во Тетово“ во саботата, 13.04.2019, со 3:2 и ја забетонира својата позиција во плејофот од Македонската одбојкарска лига и желбата за освојување на шампионската титула.

„Големата пожртвуваност на секој член од екипата беше најважна за нашата победа. Ние веруваме во себе и затоа, исто како во саботата, ќе даваме сѐ што имаме на терен. Противниците ни се квалитетни и многу добри, но тоа само нѐ поттикнува да го извадиме најдоброто од нас“, велат од ОК Вардар.

Натпреварот во Прва државна лига машка конкуренција се одигра во СЦ „Форца“ – Скопје каде ОК „Вардар“ ги освои 2, 3 и 5 сет во многу тежок и возбудлив натпревар.

Повеќе информации за ОК „Вардар“ може да се најдат на www.facebook.com/okvardarteam.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тимот на „Макпетрол” ќе учествува на светската младинска карате лига во Венеција

Редакција

Четири членови на „Макпетрол“ викендов ќе се натпреваруваат на Светската карате-лига

Редакција

Каратистите на „Макпетрол“ освоија седум медали на престижниот „Кроација опен“

Редакција