Вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и од возилото „Опел Омега” најдено во местото Враживир, непосредно по петкратното убиство и денеска беше тема во рочиштето за случајот „Монструм”.
Според вештакот Весна Антиќ, која во 2012 година бил главен инспектор за хемиско испитување при МВР, за овој случај не било направено вештачење, туку само анализа каде е констатирано дека примероците од земјата се совпаѓат едно со друго.
– Ниту едно вештачење на земја немам направено. Земјата од Смилковско Езеро и од возилото е анализирана, не е вештачена. Не сум имала задача од претпоставен. Има разлика меѓу анализи и вештачења. Вештачењето е нешто поголемо од вештачење, изјави Антиќ.
Одбраната на обвинетите за овој предмет пак во своето излагање изрази сомневање за целата постапка врз вештачењето на земјата.
– Овој вештак нема направено вештачење, туку само анализа за кое немаме никаков записник, ниту извештај од нејзина страна. Вештакот рече дека анализата е направена од два примероци и тие се скенирани, но на 20 април 2012, а не на 14 како што збореше цело време.
Само датата кажува дека анализата е направена после вештачењето на вештакот Снежана Николовска. Ова кажува дека се работи и за уште еден фалсификат. За ова сме должни да поднесме две кривични пријави, а не само една како што најавивме, изјави адвокатот Насер Рауфи.
Претходно на ова рочиште свој исказ даде сведок кој произлеле од „бомбите”, каде тој се слуша како се прашува дали нешто знае за тоа што се случи на Смилковско Езеро, вечерта на 12 април 2012. На прашање на одбраната тој истакна дека зборел со сопартиец и дека не знае ништо дополнително за овој случај.
Судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, според најавите на Обвинителство е при крај, односно за крактро време тие ќе ги дадат завршните зборови за овој судски предмет кој со одлука на Врховниот суд е на потвроно одлучување.
Како главен судија за овој предмет е назначен судијата Огнен Ставрев. Додека застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
МИА