Македонската актерка Весна Петрушевска синоќа се обрати на протестот против „францускиот предлог“ пред Собрание, а нејзиниот говор беше прекинат кога група демонстранти, од кои дел носеа фантомки, ја урнаа заштитната ограда и се обидоа да притиснат кон влезот на собраниската зграда, каде беа спречени од голем полициски кордон.
На Фејсбук таа го сподели своето искуство од протестот.
-Вечерва излегов на протест за да ви кажам дека македонскот јазик е тврдина, идентитетот е нешто за кое не се преговара. Ова е наша работа за сите нас.
Цел живот ни помина во уцени, притисоци и закани. Зошто да потклекнеме и да дозволиме да ни менуваат историја, култура… велат не се секирајте “бетониран е јазикот”. Па од бетон глава не кренавме!
Сакаме да сме асимилирани, денационализирани и без историја? Да сме гости на сопствениот живот?
Беше радикално вечерва и не поддржувам насилство, но народот е бесен и гневен. Жално и тажно за сите нас во што ни помина животот?, напиша таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео+фото) Протестите ескалираа: 47 повредени полицајци и 11 приведени демонстранти
Власта уфрла провокатори за да апси народ, обвинуваат од Левица
Фото: Петрушевска/Фејсбук