Среднодневните концентрации на ПМ10 честички во Скопје денеска се под дефинираниот праг на алармирање, поради што престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање што беа воведени во саботата, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
– Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022 година, среднодневните концентрации на ПМ10 суспендираните честички во Скопје се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар и епизодата од два последователни дена е прекината, поради што престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање, се наведува во соопштението на МЖСПП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) И Euronews известува за загадувањето на воздухот во Скопје
Како делува на здравјето загадувањето на воздухот