еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вицепремиерката Царовска ќе го тужи Боки-13 за клевета

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска најави тужба за клевета за Бојан Јовановски-Боки 13.

“Во интерес на вистината сакам најостро ги демантирам сите дрски лаги и конструкции изнесени во јавност од страна на Бојан Јовановски за поврзаност со проект на ГП Пелистер и за било каква соработка со Меѓународниот сојуз и најавувам дека против него ќе поднесам тужба за клевета.

Истовремено ја информирам јавноста дека со госпоѓата што ја споменува Јовановски во неговата изјава ниту некогаш сум соработувала, ниту лично  ја познавам.

Изјавата на Јовановски е целосна невистина и директен напад и уривање на мојот углед и достоинство за што ќе ги преземам сите правни мерки“, информира Царовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13: Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска, имав подршка и од Заев и Спасовски

Боки-13 на судењето за „Меѓународен сојуз“: Мицески и Амзоски не се мали деца за да бидат измамени

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Парите од „Рекет“ се уште не се пронајдени, Русковска смета дека се потрошени

Редакција

Зголемен интересот за вакцинирање во струмичкиот регион

Редакција

Компании од индустриските зони најавуваат преселба на капацитетите од Украина во државава

Редакција