ВМРО-ДПМНЕ денеска објави нови имиња од т.н. афера „Паразити“.
„Денес продолжуваме со нови детали од аферата “Паразити“, голем број владини функционери земаат месечни плати неколкукратно поголеми од минималната, додека народот тоне во сиромаштија. А на индексот на мизерија сме втори во Европа.
Дел од аферата “Паразити“ е Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, кој зема плата од 203.000 денари месечно. Односно 3.300 евра месечно. Тоа се 40.000 евра за една година. Додека народот има просечна плата од 470 евра, за Тунтев од СДС тоа се 3.300 евра.
Јавноста ниту го видела Тунтев по заминувањето од функцијата пратеник, ниту слушнала за неговата работа.
Тунтев не е директор во Германија или некоја друга развиена земја, тој е именуван функционер од Владата во Македонија. Во Македонија во која што народот не може да се прехрани, а тој зема годишна плата од 40.000 евра. И за еден мандат ќе инкасира цели 160.000 евра.
Аферата “Паразити“ покажува дека низ институциите лежат скриени поголем број именувани функционери кои во услови на криза додека најголемиот број од работниците работат за плата под просечната земаат плати кои на годишно ниво изнесуваат неколку десетици илјади евра.
Дел од аферата “Паразити“ е и директорот на ПУИК (Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор), Зоран Ѓорѓиев, со месечна плата од 105.000 денари. Истиот за една година наплаќа 1.260.000 денари, односно 21.000 евра.
Никола Љушев како дел од Управниот одбор на Телеком зема месечна плата од 713.000 денари, односно 11.500 евра. За година дена тоа се 139.000 евра, а за еден мандат од 4 години 560.000 евра.
Љупчо Зиков, дежурен аналитичар на власта, а во принцип именуван функционер месечно од МЕПСО зема 80.000 денари, што за една година е 960.000 денари или 16.000 евра. Во текот на еден мандат тој од оваа енергетска компанија ќе инкасира 54.000 евра.
Ова се дел од функционерите од аферата “Паразити“, утре продолжуваме со нови детали, на нова прес конференција“, соопшти Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Афера „Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ ги објави платите на директорите на М-НАВ, Хамиди и Крстевски
Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ