„Circles” во изведба на Андреа Коевска е песната која ќе ја претставува Македонија на годинешното издание на Евровизија.
Автор на музиката и аранжманот е Александар Масевски, а текстот е пишуван заедно со Андреа Коевска.
Победникот на Националниот избор за песна на Евровизија што ќе се одржи во Торино, Италија, беше добиен по пат на онлајн гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50:50.
Во националниот избор за песна за „Евросонг 2022“ учествуваа и Калина Велковска – Кaly со „Love and light“, Yon Idy, со „Dreams”, Лара Иванова со „Flower of sorrow”, Виктор Апостоловски со „Superman“ и Борис Цветановски – Ris Flower, со „Flying to Berlin”.
Македонија на 66-то издание на „Евросонг“ ќе настапи во второто полуфинале на 12. мај, а финалето е закажано за 14. мај. Манифестацијата ќе се одржи во арената „Пала Олимпико“ во Торино, откако минатата година првото место го освои италијанскиот рок-бенд „Манескин“.
Фото/видео: Евровизија Македонија/Фејсбук/МРТ