еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) „Бекутан“ и децата од „Дајте музика“ со божиќна порака за сите генерации

Дружењето, патувањата, гушкањето со другарите и со другарките, концертите, насмевките без маски, а, неверојатно но вистинито, дури и училиштето се дел од нештата кои им недостасуваа не само на јунаците од популарниот детски серијал „Дајте музика“, туку, веројатно и на сите луѓе на планетава во 2020 година.

Во вонредни околности и со почитување на сите здравствени мерки и протоколи, продукцијата „Еден на еден“ со режисерот Зоран Зонде Стојановски спакува видео спот, во кој главната порака е дека љубовта е најголемиот подарок.

Продуцентката на серијалот, Цаци Паковска, истакна дека предизвикот за екипата беше огромен.

„Дечињата, пред сѐ, се актери, а требаше да отпеат песна од Каролина Гочева и беа премногу возбудени и исплашени како ќе го изведат сето тоа и како ќе звучат, па во текот на подготовките, кои траеја околу месец и половина, имаа дури и часови по пеење.

Одговорноста беше уште поголема бидејќи работевме проект за бренд каков што е ‘Бекутан’, а тука, исто така, не смееше да има компромиси. Сепак, мислам дека крајниот производ е одличен, а целата екипа на ‘Дајте музика’ беше на висина на задачата“, рече Паковска.

Празниците се за дарување, а најубавиот подарок е љубовта. Кога ќе се обединат најискреното другарство и најубавата македонска божикна песна, испеана од маестралната Каролина, а сето тоа под закрилата на најдобриот детски бренд, резултатот е прекрасна празнична честитка за сите генерации.

„Повеќе од 40 години постоиме за најмилите. Многу генерации сe врзуваат со приказната за „Бекутан“, а искрената љубов и посветеност, внесени во секој еден производ, се оние што го прават „Бекутан“ различен и единствен.

Овие празнични денови љубовта има посебна димензија, а близината со нашите најсакани е важна повеќе од кога било досега.

На сите наши бекутанчиња сакаме да им подариме среќа и многу љубов, спакувани во прекрасно видео, и порака посветена на чистото детско срце. Да не заборавиме да подаруваме добрина и да учиме од детската искреност! Ви благодариме за секоја година помината со нас!„, изјави Маја Мизо, менаџер за брендот „Бекутан“.

А за оваа година очекувањата се навистина големи. Во пораката што ја испраќаат преку видеото протагонистите на серијалот се вели: „По дождот секогаш следува сонце! Нека сонцето во 2021 силно сјае за сите!“

Музиката и аранжманот се на Никола Мицевски, текстот е на Весна Малинова, а песната е дел од албумот „Извор“ на Каролина Гочева-Корубин, чиј издавач е „Авалон продукција“. Кореографијата за видео записот ја подготви студио „Еурека“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која фирма донирала за претседателската кампања на Бујар Османи

Редакција

Нови 127 заболени од Ковид-19 од 1.574 тестирања, најмногу во Скопје 43

Редакција

ССМ бара минималната плата да биде во висина од 60% од просечната 

Редакција