еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Видео) Д-р Мехмедовиќ: Прашање на време е кога омикрон варијанта ќе биде силно раширена

Прашање на време е кога омикрон варијанта ќе биде силно раширена и кога таа ќе биде доминантна, вели д-р Злате Мехмедовиќ за телевизија 24.

– Веројатно, тоа нема да застане тука. Иако вирусите не се живи суштества, тие имаат тенденција да еволуираат и таа еволуција ја покажуваат преку мутации, односно преку унапредување на своите својства и можноста да го одбегнуваат човековиот имунитет и на тој начин да си ја остварат својата единствена причина поради којашто постојат, а тоа е да се реплицираат и да преживеат, објаснува докторот.

Мехмедовиќ, вели дека вакцините многу помогнаа во процесот на спречување на тешката симтоматологија и на смртните исходи кај варијантите на Ковид-19 коишто се појавија.

– Тоа го гледаме и со последната варијанта омикрон. Иако станува збор за податоци кои сѐ уште е рано да се толкуваат, може да се каже дека во основа клеточниот имунитет којшто е создаден како резултат на прележување на болеста и на вакцинирањето, нуди сосема добра и квалитетна заштита во однос на тешките клинички форми на болеста и смртен исход од неа, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Лазаров: „Супермен не може да ги допрегледа и збрине сите илјадници новозаразени од овие денови“

Крај нема: На Кипар откриена нова варијанта на Ковид-19, хибрид од делта и омикрон

Кои се најчестите симптоми на омикрон?

Фото: Фејсбук/Мехмедовиќ/видео: ТВ 24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светски ден за борба против туберкулозата: Континуирано се намалува бројот на заболени

Редакција

Децата од предучилишна возраст и годинава ќе добиваат овошје од домашно производство

Редакција

На што се должи големата смртност од Ковид-19 во Македонија

Редакција