еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) „Депеш мод“ со нов албум

Британскиот синт-поп бенд „Депеш мод“ го објави новиот, 15-ти студиски албум „Memento Mori“.

Овој наслов е избран уште пред смртта на еден од основачите на групата – клавијатуристот Енди Флечер.

– Смртта на Флечер на некој начин само потврди дека албумот треба да се вика така. Иако мислевме дека е добар наслов, сега мислиме и дека е фер да го наречеме така, изјави гитаристот Мартин Гор.

Познатиот Флеч почина на 60-годишна возраст во мај 2022 година, од ретка васкуларна болест. Иако некои го сметаат за спореден музичар во составот, тој беше врската меѓу двајцата лидери на бендот – Гор и пејачот Дејв Геан, кои „никогаш не биле најдобри пријатели на светот“, според наводите.

– Флеч беше тој што доаѓаше да ми каже – Мартин не сака ова или она. Сега тој веќе не е со нас, па јас и Мартин мораме да разговараме. Моравме повторно да комуницираме и тоа го одбележа албумот!, изјави Геан неодамна за западните медиуми.

Пејачот додаде дека Мартин при снимањето на албумот, имал впечаток дека „го пронашол одамна загубениот брат“, говорејќи за Гор.

МИА/Фото/видео: Фејсбук/Депеш мод

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Филмот „ЕЈ!“ за киднапирањето на премиерот ќе го затвори Синедејс

Редакција

Македонија повторно повлекува струја од европската мрежа

Редакција

Воземирувачко видео од местото на сообраќајката кај Три Чешми во која загина 37-годишен маж од Гевгелија

Редакција