еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Дојде време за „жив пренос“ од вакцинирање против Ковид-19: Светските лидери контра теориите на заговор

Вакцината против коронавирусот ја примија многу светски функционери со цел да им влеат доверба на своите сограѓани дека вакцинацијата е едиствен начин за побрзо да извојува победа над пандемијата од Ковид-19.

Веднаш откако фармацевтските компании по одобрувањето на вакцината против Ковид-19 почнаа со првите испораки ширум светот, вакцината ја примија многу лекари, епидемиолози и политичари.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се вакцинираше против коронавирусот во директен телевизиски пренос, станувајќи првиот Израелец и еден од првите светски лидери кои ја примија вакцината против Ковид-19.

Нетанјаху рече дека сака да биде првиот примател во земјата кој ќе даде „личен пример“ и ќе ги охрабри Израелците да го сторат истото.

Новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден исто така ја прими првата доза од вакцината против коронавирусот на Фајзер во директен телевизиски пренос за да ја охрабри јавноста да го стори истото.

Бајден од болницата во Њуарк во американската сојузна држава Делавер ги повика сите Американци да ја примат вакцината кога ќе им биде достапна.

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи ја прими првата доза од вакцината против коронавирусот што ја направи компанијата Модерна.

Фаучи ја прими вакцината во Националниот институт за здравство (НИХ), а целиот настан беше пренесуван во живо на национална телевизија како дел од обидот да се убедат Американците дека вакцината е безбедна и ефикасна.

Фаучи ја прими вакцината заедно со директорот на институтот, Фенси Колинс и министерот за здравство, Алекс Азар.

И потпретседателот на САД, Мајк Пенс беше вакциниран против Ковид-19 пред телевизиските камери за да ги убеди Американците дека вакцината е безбедна.

Српската премиерка Ана Брнабиќ беше првиот европски лидер што прими вакцина против Ковид-19.

Вакцина против коронавирусот примија и словачката претседателка Зузана Чапутова, како и министрите во Владата на Словачка и поранешниот шеф на државата Рудолф Шустер.

Вакцината, развиена од Фајзер и Бионтек во Братислава, ја примија и потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчовиќ, потпретседателите на Парламентот, Јурај Шелига и Габор Грендел, како и министрите за правда, култура, образование, труд и транспорт. По нив во разни градови се вакцинираа сите повисоки функционери.

Вакцината против Ковид-19 ја прими и чешкиот премиер Андреј Бабиш, кој стана првиот чешки граѓанин што се вакцинира против Ковид-19.

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу е првиот политичар во Грција што ја прими вакцината на Фајзер/БиоНТек против Ковид-19, а половина час подоцна се вакцинираше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

МИА/Видео:Youtube: CNBC/Blic

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратеникот на Беса, Зендели нуди оставка, ако се тргне условот 20% од Уставот за албанскиот јазик

Редакција

ДИК: Излезноста до 15 часот, 22,56%

Редакција

Наглиот прекин на испораките на гас од Русија ќе предизвика рецесија, предупредува Институтот за светска економија

Редакција