еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Видео) Дождот го поплави и Ист Гејт, молот затворен

Трговскиот центар Ист Гејт Мол соопшти дека по денешното невреме неговиот менаџмент донел одлука да го затвори центарот за јавноста, и да ги евакуира посетителите и вработените.

Како резултат на лошите временски услови кои предизвикаа елементарна непогода на територијата на град Скопје, како што посочуваат, дојде до излевање на вода од атмосферската канализација на уличната мрежа, која предизвика поплавување на подземните нивоа на трговскиот центар Ист Гејт Мол.

Согласно усвоените сценарија за безбедност и заштита во услови на елементарна непогода, Трговскиот центар беше евакуиран за кратко време.

Во моментов, заради безбедност на посетителите, возилата во подземната гаража на трговскиот центар ќе останат паркирани се до исцрпување на водата.

Техничките служби во трговскиот центар во моментот работат на исцрпување на водата од подземната гаража. Овие активности ќе траат во текот на целата ноќ, информираат од Ист Гејт Мол.

Посочуваат дека во зависност од прогресот на активностите поврзани со санација на поплавата, утре во раните утрински часови ќе ја информираат јавноста и закупците дали трговскиот центар ќе биде отворен за потрошувачите и се заблагодаруваме на сите посетители и закупците за нивната брза и навремена реакција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Има и полесно повредени граѓани: Полициски службеници извлекуваат заглавени возила во Скопје

(Видео+фото) Невреме со град во Скопје поплави улици и дворови, искрешни и дрвја

Видео: Фејсбук/Димков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И онлајн насилството остава лузни – пет совети за заштита на интернет

Редакција

(Галерија) Како изгледаат дизајнираните дела од оризов отпад: Чекор понапред кон циркуларната економија

Редакција

Топ пет најголеми должници кон УЈП: ТЕ-ТО со 11,4 милиони евра убедливо на врвот

Редакција