еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Двајца убиени, десетици тешко повредени во популарен геј-клуб во Осло

Две лица се убиени во пукање во ноќен клуб во норвешкиот главен град Осло, соопшти денеска полицијата.

Полицијата на Твитер објави дека уште неколку лица се повредени, а еден осомничен е приведен набрзо по пукањето во близина на местото на настанот.

– Сите индиции укажуваат на осамен сторител, изјави полицискиот портпарол Торе Барстад. Три лица се тешко повредени, а на 19 им била укажана лекарска помош.

Нападот се случил во ноќниот клуб Лондон паб, популарен геј клуб во Осло, објави весникот Афтенпостен.

Цивили ѝ помогнале на полицијата да го уапси осомничениот, пишува весникот.

Норвешката полиција, овој чин го третира како терористички напад.

МИА/Видео: 24/7ТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девет нови случаи на Ковид-19 од 3.239 тестирања, бројката на активни е 233

Редакција

Кој е Албин Курти кој победи на изборите во Косово: Лани најави дека ќе основа партија и во Македонија

Редакција

Владата ги повика медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на загинатите во Кочани да ги отстранат и да не ги шират

Редакција