Премиерот на Албанија, Еди Рама не можеше да ги задржи солзите кога ги читаше имињата на 50. жртви од неодамнешниот земјотрес. Тој соопшти дека потрагата е завршена и додаде дека околу 2.000 лица биле повредени.
Рама информира дека оштетени се 900 згради во Драч и 1.465 во Тирана.
Инаку, меѓу жртвите од земјотресот е и девојката на Грегор Рама, син на албанскиот премиер.
Катастрофалниот земјотрес беше со интензитет од 6,4 степени според Рихтер. Толку силен земјотрес кај нашиот сосед немало три децении.
Фото/Видео:Youtube/TV report
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.