Околу 418 милиони гласачи низ 28 земји на ЕУ има на изборите за европскиот парламент што почнаа во четвртокот, а ќе завршат денеска.
На изборите веќе гласаа граѓаните на Летонија, Малта и Словачка, а претходно гласаа и Британците, Холанѓаните, Ирците и Чесите.
Денеска се гласа во 21 земја меѓу кои и во Германија, Франција, Австрија, Полска, Шведска, Финска, Данска, Бугарија, Романија, Италија, Словенија, Хрватска, Грција, Малта, Белгија, Луксембург, Шпанија, Португалија, Естонија, Литванија и Унгарија.
Според европските аналитичари, од резултатите во овие земји ќе зависи дали ЕУ ќе тргне во насока на популизмот и национализмот кои се главни адути на десничарските партии или ќе победи идејата за понатамошно обединување на Европа и реинкарнацијата на европската идеја за поголеми надлежности на Унијата.
Како и да е, се чини дека која и од опциите да победи, балканските земји ќе извисат кога е во прашање проширувањето на Унијата, бидејќи се погласни се најавите дека се уште не е време за нови членки во ЕУ.
Видео: Youtube/TRT world