Топло време деновиве го зафати Балканот и температурите се над просек за овој период од годината.
Печењето на сонцето најмногу може да се почувствува на планините каде што температурата се загрева и со отсјајот од снегот. Но освен негативната страна односно топење на снегот, на ова време може да се скија и по костими за капење.
На Инстаграм-профилот на скијалиштето Копаоник во Србија, „Инфокоп“ беше споделена фотографија од Урош Миладиновиќ кој скија по купачи.
Урош на неговиот Инстаграм-профил си објавил и видео на кое како вистински хедонист ужива во скијањето и снегот.
Ние би додале, блазе нему, времето навистина е за по костим за капење, па уште во комбинација со снег, инспирира на уживање.
Фото/видео: Инстаграм/Инфокоп/Рури001
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.