еМагазин
Image default
Забава

(Видео+Фото) Наум Петрески во „Еден на Еден“: За една вечер земав 12.000 марки бакшиш

Весела „Еден на Еден“ ќе гледаме во недела, на Канал 5 од 18.30 со Наум Петрески. Фолк пејачот на Жаре му откри кој бил неговиот најголем бакшиш во кариерата.

„Тоа беше многу одамна, во Вевчани. Вечерта земавме околу 12.000 марки и околу 3.500 швајцарски франци“, раскажа Наум.

Дел од ова шоу ќе бидат и неговите анегдоти како ловџија и риболовец, многу приказни од патувањата низ светот, а Жаре, за да ја провери неговата прецизност, го предизвика заедно да изиграат пикадо, со помош на публиката.

Наум Петрески во „Еден на Еден“ ќе биде пред уште еден предизвик, да запее две песни кои не се од неговиот репертоар, една од Оливер Драгојевиќ, а една од неговиот колега Миле Кузмановски. Специјални музички гости во емисијата се триото „Саксакустикс“ со преработка на еден голем домашен хит.

Во продолжение, погледнете ја приказната за најголемиот бакшиш на Наум:

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Рики Мартин се разведува од сопругот

Редакција

На 95-годишна возраст почина филмската легенда Џина Лолобриџида

Редакција

(Видео) Лила Филиповска во џакузи за новата реклама

Редакција