еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) Новинарката Дуковска физички го нападна претседателот на синдикатот на полицијата

Денеска пред почеток на прес-конференција, Александра Дуковска, која работи како слободен новинар, физички го нападна претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев.

Телевизијата 24 објави видео од инцидентот:

По инцидентот Делчев на Фејсбук напиша:

„Додека во цел свет новинарите се тие кои се напаѓани, во Македонија, агресивнa новинаркa го нападна претседателот на Независниот синдикат на полицијата. Го губи ли некој трпението и со физички напад се обидува да го заплашат независното синдикално постоење“.

Од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) порачаа дека треба да има нулта толеранција за секаков вид на насилство:

„По повод денешниот инцидент во рамки на настанот на полициските синдикати, ЗНМ заедно со ССНМ остро го осудуваат секој вид на насилство од која страна и да доаѓа. Повикуваме на смиреност на страстите, јавноста ја замолуваме да се воздржи од коментари и реакции и бараме проблемот да се реши институционално“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Новинарка го искара министерот Бектеши оти кажал Македонија

Пред неколку дена Дуковска во Владата на прес-конференција го искара министерот за економија Крешник Бектеши оти кажал Македонија.

Фото/видео: ТВ 24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Виртуелна тура низ Вила Водно, каде ќе живее новиот претседател, Пендаровски

Редакција

Играорецот кој го постави албанското знаме на Самoилова тврдина доби парична казна и забрана за влез во државата

Редакција

„Телекабел“ прослави 23 години работа на македонскиот пазар

Редакција