еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Героски го побара заканувачот во СДСМ, од партијата велат дека не е од нивното обезбедување

Новинарот Бранко Героски како што претходно најави на својот Фејсбук профил, денеска беше во седиштето на СДСМ, за да го најде лицето кое синоќа јавно му се закануваше, а се преставува како дел од обезбедувањето на владејачката партија.

Портапаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, го информирал Героски дека лицето не е дел од обезбедувањето на нивната партија и дека дополнително ќе проверат дали е нивни член.

Героски од лицето доби закана дека „ќе биде бањат во Вардар“.

“Доцна сношти примив закана од лик кој се претстави како дел од обезбедувањето на СДСМ. Јавно на Фејбуск побарав лидерот и партијата да се изјаснат во врска со таа закана и се најавив како гостин во партијата за да расчистам за што станува збор. Од луѓето од секторот за комуникации бев известен дека ова лице не е вработено во обезбедувањето на СДСМ, ниту во СДСМ. Не е познато дали е член на партијата. Го добив одговорот што ми беше неопходен за да утврдам дали некој лажно се претставува. На мене сега останува понатаму ако одлучам да го пријавам случајот во полиција и да продолжам во редовна законска процедура да барам сатисфакција“, изјави Героски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССНМ и ЗНМ ги осудија заканите кон Героски, бараат реакција од институциите

Бранко Героски добивал опомени и закани оти ја критикувал власта: Перото не ви го давам, на тоа да не се надевате!

Бранко Героски поднесе оставка на позицијата главен и одговорен уредник на „Слободен печат“

Видео: А1он/Фото: Плусинфо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЛГБТИ активистот Беким Асани за нападот на Матка: “Цело време викаа ќе те убиеме, мртов си, а на другарките им викаа вас ќе ве силуваме„

Редакција

Макпетрол лани со 2,6 пати поголема добивка

Редакција

Кои се новите членови на Советот на јавните обвинители

Редакција