На социјалните мрежи се шири апел за помош за семејство од тетовско, во кое, девојчето наместо да расте и си игра со децата безгрижно, таа е домаќинка бидејќи е без мајка, баба ѝ е стара, а татко ѝ болен.
Posted by Gabriela Jakovska on Понеделник, 11 февруари 2019
„Расте со баба која е стара и глува, со татко кој има проблем со плуќата, кој не може една ноќ да преспие во оваа мала соба, бидејќи протекува и е полно влага. Но не се даваат се борат. Нејзината мајка си заминала и веќе девет години никогаш не прашала и не го видела своето девојче. Се е на товар на таткото. Оди, собира дрва да ги прехрани ама… пензиичката на бабата оди за лекови и по некоја сметка.
Покрај сите што можете за храна, облека и покуќнина, помогнете и со градежен материјал да го оставриме сонот на ова девојче. Апелот се однесува и до фирмите. За се што повеќе ве интересира а не можам да напишам тука, јавете ми се на тел: 078/ 223-095 Габи! Семејството е од тетовско“, се вели во апелот.