еМагазин
Image default
Локално

(Видео) МВР приведе сопственик на угостителски објект во Петровец и продавачи на петарди на Плоштадот

Во текот на вчерашниот ден, во временскиот период од 16:00 до 23:00 часот на подрачјето на СВР Скопје, беше спроведена зајакната акциска контрола од страна на Единиците за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, во поглед на почитување на мерките од Законот за заштита на населението од заразни болести и новите одлуки за промена на работното време на угостителските објекти, информираат од МВР.

„Притоа, извршени се контроли во 257 угостителски објекти, при што е констатирано непочитување на работното време во еден угостителски објект на подрачјето на Петровец, согласно последната Одлука на Владата, со која работното време се ограничува на 18:00 часот.

Со ова, одговорното лице на угостителскиот објект М.З., од с.Петровец сторил кривично дело по чл.206 од Кривичниот законик. Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е затворен, М.З. е приведен во Полициска станица Гази Баба и известен е Јавен обвинител од ОЈО Скопје,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека во рамки на зајакнатата контрола, на Плоштад Македонија приведени се и две лица, А.Д.(25) и О.Б.(32), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени пиротехнички средства, наменети за продажба без одобрение. Тие биле приведени во полициска станица и издадени им се записници за констатиран прекршок по чл.69 ст.1 од Законот за експлозивни материи.

Исто така, на подрачјето на СВР Скопје извршени се контроли и во вкупно 18 други објекти од услужна дејност, и тоа маркети, спортски обложувалници, казина и хотели, во насока на почитување на посебните протоколи и мерки за работа.

„Од страна на Одделот за безбедност на патниот сообраќај, во истиот период вчера е спроведена зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на подрачјето на град Скопје, при што се преземени 517 мерки, меѓу кои 72 санкции за возење без возачка дозвола, 64 нерегистрирани возила, 18 за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за техничка неисправност на возила од јавен превоз,“ се додава во соопштението.

Од МВР велат дека ќе продолжат и во наредниот период со зајакнати мерки и активности во угостителските објекти и други објекти од услужната дејност, како и со акциски контроли во сообраќајот.

Фото/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Луцидно зголемување на плати во Домот за стари лица „Зафир Сајто“

Редакција

Центарот за странски јазици – Скопје, единствен овластен испитен центар за испитите ИЕЛТС, Аптис и АЦЦА на Британскиот совет

Редакција

Кумановец фалсификувал димплома за да стане контролор на паркирање

Редакција