Најмалку 820 лица загинаа во силен земјотрес кој денеска рано изутрина го погоди Мароко, а истиот бил почуствуван дури во Португалија.
Земјотресот според локалниот Национален центар за научни и технички истражувања бил со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала, а неговиот епицентар се наоѓал во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш, популарна дестинација за странските туристи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца македонски државјани евакуирани во камп во Маракеш по земјотресот во Мароко
Во неколку марокански градови се уништени бројни куќи, згради и објекти, а луѓето мораа да ја поминат ноќта на улица.
Американскиот геолошки институт процени дека земјотресот бил со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала и дека бил на релативно мала длабочина од 18,5 километри.
Првиот земјотрес траел неколку секунди, а 19 минути подоцна следел земјотрес со јачина од 4,9 степени.
Локалните медиуми јавуваат дека тоа е еден од најсилните земјотреси што некогаш го погодиле Мароко.
Видео: The Telegraph/Guardian News