еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Нов албум на Каролина заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски: Промовирана првата песна „Идила“

После бројни заеднички настапи и соработки, „Авалон“ продукција со задоволство го најавува новиот албум на Каролина во соработка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, на кој се застапени единаесет песни – преработки на едни од најубавите, подзаборавени композиции, чии оригинални автори се најмаркантните и најзначајни имиња во македонската забавна и џез музика: Драган Ѓаконовски- Шпато, Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев и др.

„Идејата за овој албум се роди во 2016 година, а оттогаш внимателно се работеше на неговиот концепт, бирање на композициите и создавање нови аранжмани, со фокус на тоа да им се даде “нов живот” на некои од најубавите песни на домашната забавна музика, во комплетно нови аранжмани.

Генијалноста на Дуке која се проткајува аранжмански низ сите единаесет нумери преку композицискиот јазик и пијаното, совршениот вокал на Каролина и импровизациската моќ низ кларинетот на Исмаил, се идеална комбинација за уште едно одлично издание кое веруваме дека ќе предизвика огромен интерес кај сите љубители на овој жанр, но и за пошироката публика.

Албумот се снимаше во јануари годинава во Македонската филхармонија,“ велат од „Авалон“ продукција.

Денеска беше промовирана песната „Идила” чиј автор е Драган Ѓаконовски Шпато.

Албумот ќе биде достапен од есен.

Фото/видео:Инстаграм/Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вознемирувачко видео од „Бардовци“: Пациенти тепаат новодојден пациент и се снимаат

Редакција

(Аудио) Заев со „лажната“ Грета Тунберг зборува за Макрон, мигрантите, марихуана

Редакција

Каракачанов со „воспитна“ до Заев: Злоупотребата на македонскиот јазик може да ве чини членство во НАТО и ЕУ

Редакција