еМагазин
Image default
Е-излог ТОП СТОРИИ

(Видео) Нова колекција на Timberland за есен/зима 2018

Со поглед кон минатото и чекор кон иднината, колекцијата на Timberland за есен 2018 го слави наследството на брендот во ново издание. Класичните модели се збогатени со технички и естетски иновации, додека пак новите дизајни се комбинација на спортско облекување и урбана мода.

Оваа сезона, колекцијата е претставена преку актуелни инфлуенсери чиј стил се совпаѓа со пораката која брендот сака да ја пренесе. Интернационалниот тим кој го сочинува каталогот на Timberland за есен 2018 го сочинуваат заменик уредничката на британски Вог, Сара Харис, италијанската актерка Бенедета Поркароли, руската ДЈ-ка Дариа Малигина италијанскиот бизнисмен Рикардо Позоли, францускиот актер Андре Саравиа и естонскиот фотограф Јухани Сарглеп.

За есен 2018 Timberland го продолжува патувањето низ “урбаната шума”, преку својата кампања покажувајќи како Aerocore технологијата овозможува потрага по природата низ градските улици. Моделот на обувки Cityroam Apline chukka e доминантен производ за почеток на сезоната – комбинација од чизми и патики, збогатени со иновативни елементи. Хонг Конг е избран како локација која најсоодветно ќе го претстави овој производ заради миксот од старо и нови, умерената клима и балансот од природни убавини и модерна архитектура.

Кампањата има за цел да го долови неверојатниот спој на природното и она што е направено од човекова рака. Пејсажот на градот и неонската џунгла се среќаваат со зеленило и паркови кои се вистински оази во секојдневниот метеж. Фотографијата е дел од Cityroam кампањата бидејќи Timberland верува дека таа е одличен начин да се прикаже урбаната архитектура на едноставен и кредибилен начин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Преспа форум“: Милановиќ, Бегај и Милатовиќ за брза евроинтеграција на Западен Балкан

Редакција

Што ќе работи ОТА?

Редакција

Аќуа-инженеринг АГЕ го доби тендерот за изградба на фекална и атмосферска канализација во Гостивар вреден 2,3 милиони евра

Редакција