Откако почнаа нападите на Израел на Појасот Газа, Палестинците ја живеат втората „Накба„.
Станува збор за насилно раселување на Палестинците и уништување на нивното општество, култура, идентитет, политички права и национални аспирации.
Терминот „Накба“ се користи за да се опишат и настаните од 1948 година, како и тековната окупација на палестинската територија, Западен Брег, како и можната повторна окупација од страна на Израел на Појасот Газа (втората палестинска територија), и прогонството и раселувањето на Палестинците низ целиот регион.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што е Појасот Газа, од каде Хамас го нападна Израел
People have been pointing out how images of Palestinians fleeing northern Gaza look eerily similar to what happened to their ancestors 75 years ago when Israel was created ⤵️ pic.twitter.com/V2fy1t7qCq
— Al Jazeera English (@AJEnglish) November 10, 2023
Основните настани на “Накба“ се случија за време и кратко по војната во Палестина во 1948 година, кога над 700 илјади Палестинци беа насилно раселени од страна на Израел, а над 500 палестински села беа уништени.
Многу од овие лица никогаш не се вратија во своите домови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како од Палестина остана само Газа и Западен Брег, што е причината за војната помеѓу Хамас и Израел
Историјата се повторува
Денеска над 70% од жителите на Газа, која има 2,3 милиони жители, повторно се принудно раселени од нивните домови поради тековните израелски напади.
Педесет отсто од станбените единици низ Газа се оштетени од израелските напади, а 10 отсто од станбените единици се или целосно уништени или се непогодни за живеење.
Половина од болниците и 62 отсто од здравствените центри во Газа не се во функција.
Според последните податоци на локалното Министерство за здравство од вчера, најмалку 10.812 Палестинци, вклучително и 4.412 деца, се убиени во израелските напади врз Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Израел ја срамнува Газа со земја, сателитски снимки
Фото: Унсплеш/Видео: Алџезира