еМагазин
Image default
Забава

(Видео) Петар Грашо во „Еден на Еден“: Јас одговарам за сѐ, а Данијела за ништо

Петар Грашо ќе биде гостин во новата „Еден на Еден“ кај Жаре, во недела од 18.30 на Канал 5. Далматинскиот пејач и автор искрено раскажа многу негови животни приказни во „Еден на Еден“ специјалот.

Една од нив е онаа за неговата долгогодишна партнерка, пејачката Данијела Мартиновиќ.

„Јас сум одговорен за сѐ, а Данијела за ништо“, му рече Грашо на Жаре на прашањето како се поделени со обврските во домот. „Ние живееме на две адреси, во Сплит и во Загреб. Многу патуваме и се случува телефонски да се организираме“, додаде Грашо и рече дека тој као маж ги плаќа сметките.

За жените со лажни фотографии Инстаграм, за својата скриена викендица во која најмногу ужива, за ресторанот на кој до неодамна беше сопсственик, зборуваше Грашо, но и за тоа дека место кошаркар, станал музичар благодарение на Оливер Драгојевиќ.

Во продолжение, погледнете ја најавата за емисијата и приказната за Данијела:

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Васил Гарванлиев останува македонски преставник за Евросонг, одлучи МРТ

Редакција

(ВИДЕО) Како изгледаше свадбата на Борко и Нина Ристовски

Редакција

(Видео) Нов сингл на Just RB & Nikifor, „A mami jo“

Редакција