еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Пресечен меѓународен транспорт на марихуана во вредност од 200.000 евра, приведени тројца албански државјани

Пресечен e меѓународен канал на транспорт на наркотична дрога од Албанија, низ Македонија, која требало да заврши во Грција, како крајна дестинација.

Како што информираат од МВР, транспортот бил спречен во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во заедничка акција со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единицата за брзо распоредување и ОВР Ресен, при што биле приведени К.К.(25), М.Ф.(28) и Ф.Б.(42), сите од Република Албанија.

Притоа, биле запленети 65 килограми марихуана со вредност од околу 200.000 евра.

-Имено, вчера во утринските часови, на регионалниот пат од Трпејца кон Стење, преку Националниот парк Галичица, биле сопрени две патнички возила, марка „мерцедес“, со албански регистарски ознаки, кои учествувале во вршењето транспорт на дрогата.

При извршен преглед на возилата, од кои едното било управувано од К.К., каде како совозач бил М.Ф., а второто од Ф.Б., биле пронајдени и одземени 3 големи торби со марихуана, спакувана во 44 пакувања, стои во соопштението од Министерството.

По насока на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен дрогата е предадена на вештачење, како и дека против трите приведени лица ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по член 215 од Кривичниот законик.

Фото/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради коронавирусот, да не си Кинез деновиве

Редакција

Смртниот биланс од земјотресот во Индонезија се искачи на 142 лица

Редакција

Дејан Давидовски, осомничен за „27 април“, со бугарски пасош, уапсен во Шведска

Редакција