Македонската преставничка за Евровизија, Андреа Коевска, предизвика скандал откако на вчерашното свеченото отварање на овогодинешново евровизиско издание во Торино, Италија, додека позираше го фрли македонското знаме, кое го држеше во раце, а претходно со фотографираше и со него.
NORTH MACEDONIA IS THREATENING TO WITHDRAW ANDREA FROM THE CONTEST 4 DAYS BEFORE HER SEMI FINAL OVER THIS #EUROVISION pic.twitter.com/wsRkLWbhBr
— sтevan
|
(@ImStevan) May 8, 2022
По бурните реакции во јавноста се огласија од Македонската радио телевизија (МРТ), која најостро го осуди потегот на Коевска.
“Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон.
МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ.
Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал“, соопштија од МРТ.
Следеше извинување од Коевска во видео обраќање.
„Во момент каде што ме снимаше камерата и каде што ме фотографираа, побараа да го нема македонското знаме. Делегацијата беше навистина далеку од мене и јас одлучив во момент да го фрлам знамето.
Не беше од омраза, затоа што јас сум горда да доаѓам оттаму и затоа ми е малку бесмислено зошто се случува ова“, вели таа и потенцира дека се обидува да ја претстави Македонија во најдобро светло.
„Не ми беше намера да навредам некој, ако го направив тоа, се извинувам. Го носам знамето со мене секаде каде што одам и се надевам дека навистина можеме да поминеме со ова“, рече Коевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Како изгледаше првата проба на македонската преставничка на Евровизија
Видео/фото: МРТ/Евросонг/Фејсбук