еМагазин
Image default
Забава

(Видео) Ритамот на Суперхикс го размрда МКЦ

Во недела, 3-ти март 2019 година, Суперхикс во МКЦ ја прославија својата 25 годишнина од првиот настап. Тие се вратија на корените кои започнале во 1994 година со настапот во Доорс во Дебар Маало, на истиот ден, 3-ти март.

Песните како „Раде“, „Африка“, „Глупави песни“, и многуте други го размрдаа МКЦ во целост.

Нивните фанови уживаа во музиката која веќе две и пол децении ја задржува својата уникатност и позитива. Музиката на Суперхикс ги исполнува Скопје и Македонија со ритам кој ќе владее уште многу години.

Банда инструментале ја претставија и новата песна „Модерна љубов“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден од бисерите на балетската уметност „Есмералда“ од Чезаре Пуњи, ќе биде изведена на 19. февруари

Редакција

(ВИДЕО) Хип-хоп шоу на Super Bowl: Одличен настап на Др. Дре, Мери Џеј Блајџ, Еминем, Снуп Дог…

Редакција

(Видео) „У македонском ресторану“, песна во која се опева Македонија и значајни Македонци, хит во регионов

Редакција