Властите во најголемото украинско пристаниште Одеса соопштија дека руските поморски сили во Црното Море гранатирале некои станбени згради на периферијата од градот.
Ова е првпат таму да бидат погодени згради. Портпарол на регионалната воена администрација изјави дека нема жртви во нападот.
Руската морнарица го блокираше градот кој се смета за главна стратешка и симболична цел за Русија. Ројтерс, во своја репортажа потсетува дека пред 81 година градот Одеса на истите пристаништа се подготвувал за напад од Германија.
На Твитер се појавија слики и видеа од жителите на градот кои со вреќи песок прават барикади за се заштитат од руските трупи кои би стапнале во градот.
The #Ukrainian military shot down a #Russian military ship near #Odesa. pic.twitter.com/rPckWJprx5
— NEXTA (@nexta_tv) March 21, 2022
МИА/видео: Твитер/Nexta TV/Фото: Sergei Phil on Unsplash