еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Само во Македонија: Протест во скопски Ченто сред полициски час

Синоќа стотина граѓани на скопската населба Ченто (Синѓелиќ) протестираа за време на полицискиот час, поради тоа што тројца нивни сограѓани биле повикани на информативен разговор во МВР, оти го прекршиле полицискиот час.

Револтираните граѓани ги смируваше градоначалникот на Општината Гази Баба, Борис Георгивески, кој на својот Фејсбук профил објасни како дошло до инцидентот:

‘Почитувани граѓани, сакам да ја објаснам ситуација во Синѓелиќ за сите оние кои не ја разбраа до крај, или пак поради неинформираност не ја доловија вистината.

Точно е дека вечерва во населеното место Синѓелиќ дојде со нарушување на полицискиот час од поголема група на граѓани. Јас како градоначалник самоиницијативно излегов на лице место откако дознав дека нешто се случува, што е и моја обврска, со една единствена цел, да ја смирам состојбата и да се врати се во нормала, без никакви дополнителни инциденти. Особено сега кога земјава и целиот свет се соочуваме со справување со коронавирусот.

За да не се шират дезинформации, ве известувам дека вечерва три лица од страна на полицијата се однесени на информативен разговор во ПС Гази Баба. Исто така не е точно дека лицата биле физички нападнати од страна на полицијата, поради што и се собрала групата.

Како градоначалник излегов сам меѓу револтираните граѓани за смирување на состојбата. Тоа е моја должност и обврска. Откако се објаснивме жителите се разотидоа во своите домови.

Затоа апелирам до сите да не се шират непроверени или половични информации, кои можат да влијаат во нарушување на јавниот ред и мир или да внесат паника или бес кај граѓаните“, напиша тој.

Од МВР засега нема информации за инцидентот.

#HasanbegPolicia liron 3 të arrestuarit, banorët shpërndahen#СингеличПолицијата ги ослободи лицата кои што беа приведени

Posted by Furkan Saliu on Понеделник, 13 април 2020

Видео: Furkan Saliu/Телевизија Клан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските туристи не ги откажуваат аранжманите поради страшното невреме на Халкидики

Редакција

Малиот Павел по сообраќајна несреќа е во количка, потребни се средства да застане на нозе

Редакција

Од корона вирусот починаа тројца пациенти, вкупната бројка изнесува 122

Редакција