Симпатизери на отворено проруската бугарска партија „Преродба“ вчера ја измачкаа со црвена боја зградата на претставништвото на Европската комисија (ЕК) во Софија, во која се наоѓа и Бирото на Европскиот парламент.
The building of the European Commission in Sofia pic.twitter.com/XkzrtFakNL
— Seyhan De Boeck (@SilSeyDB) May 21, 2023
Инцидентот се случи за време на „Маршот за мир“, кој го организираа проруски невладини организации и поединци, а на истиот беа присутни и неколку пратеници и лидерот на партијата, Костадин Костадинов, добро познат и на македонската јавност, поради неговите изјави против Македонија и македонскиот народ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Костадин Костадинов, новиот градоначалник на Струмица
Протестот беше најавен во пост на Фејсбук страната на партијата, во кој беше соопштено дека ќе одат пред зградата на ЕК во Софија за да протестираат против мешањето на Брисел во внатрешните работи на Бугарија.
Учесниците на протестот со руски знамиња побараа Бугарија да престане да и помага на Украина.
The building housing the European Parliament Liaison Office in Sofia was targeted by vandals unhappy with our stance in support of Ukraine.
We will clean it up. Our backing of Ukraine will get stronger. Our voice condemning Russia's invasion will only get louder. #SlavaUkraini pic.twitter.com/IHB38RCkXs
— Roberta Metsola (@EP_President) May 21, 2023
Шефицата на Европскиот парламент, Роберта Мецола го осуди вандализмот.
„Зградата во која се наоѓа Канцеларијата за врски на Европскиот парламент во Софија беше цел на вандали незадоволни од нашиот став за поддршка на Украина. Ќе ја исчистиме зградата. Нашата поддршка за Украина ќе стане посилна. Нашиот глас кој ја осудува руската инвазија само ќе стане погласен“, напиша таа на Твитер.
Нападот во Софија го осуди и бугарското Министерство за надворешни работи.
„Ваквите дејствија не се компатибилни со модерна Бугарија како и со демократските вредности што ги отелотворува нашата земја“, велат од министерството.
Ова се шести вакви протести за шест недели, но први кои резултираа со вандализам.
Фото: Унсплеш