еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Снег во Словенија и Италија, невреме во Хрватска

Во италијанскиот скијачки центар Алта Бадиа наврнаа околу 30 сантиметри свеж, влажен снег.  Овој зимски центар се наоѓа во Доломитес, а надморската височина се движи од 1.324 до 2.250 метри.

Снег паѓа и на словенечката Кредарица, каде во девет часот изутринава биле измерени минус три степени Целзиусови, а снежната покривка изнесувала три сантиметри. Во последните 12 часа паднале 6,3 сантиметри снег.

Поголемиот дел од Хрватска е зафатен од поројни дождови, а температурите се намалени повеќе од десет степени. Во текот на ноќта земјата ја зафатија и силни ветрови, а најлошо беше во Истра.

Во Истарската жупанија евидентирани се 24 случаи предизвикани од пороен дожд, силен ветер и грмотевици.

Во раните утрински часови големо невреме го погоди и јужниот дел на Јадранот. На подрачјето на Дубровник за помалку од два часа наврнале над 40 литри дожд, што предизвика поплави во градот.

Проблем имало и во воздушниот сообраќај. Три авионски линии од Рим, Атина и Истанбул се пренасочени кон други аеродроми.

МИА/Фото/видео: Extreme Weather

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) На протестот за името Македонија во Атина сериозни инциденти и повредени најмалку 15 лица

Редакција

Во Албанија има 2.281 „северномакедонци”, Бугари од 0 во 2011 сега има 7.597

Редакција

Меѓународни набљудувачи: Изборите во Србија ги одбележаа нееднаквите услови за учесниците

Редакција