еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Српски туристи со часови чекаа да влезат во Грција пред да се затвори границата

Огромни редици возила и заглавени автомобили во неутралната зона, беше рано утрово сликата на грчко – бугарската граница, откако српски туристи уште од полноќ пристигнале на граничниот премин Промахонас (Кулата) и чекале речиси цела ноќ, за да влезат во Грција пред шест часот, односно пред да стапи во сила забраната за влез на државјани на Србија, јави дописничката на МИА од Атина.

Puštena granica

Posted by Jelena Vasic on Недела, 05 јули 2020

Според грчките медиуми околу 40-50 автомобили со туристи од Србија, во поголемиот број семејства биле заглавени во неутралната зона на бугарско–грчката граница, откако не успеале да влезат во Грција пред шест часот.

По реакциите од туристите, од грчка страна, како што објави телевизијата „Open“, околу 8 часот утрово, бил направен исклучок, рампата била крената и оние кои биле заглавени меѓу двата гранични премини започнале да влегуваат во Грција.

Дел од српските туристи, за грчките медиуми велат дека тргнале од Белград, одморот им бил планиран од претходно, а цела ноќ чекале за влез .

– Решени сме да чекаме, додека не нѐ пуштат, вели туристка од Србија за грчката телевизија ЕРТ, која објаснува дека чекаат повеќе од седум часа, односно на границата стигнале на полноќ.

Алтернативната портпаролка на грчката Влада, Аристотелиа Пелони, вчера попладне соопшти дека од 6 часот утрово, до 15 јули 2020 година, во Грција ќе биде забранет влез за српски државјани, а официјална Атина во соработка со експертите ја следи епидемиолошката ситуација во ЕУ и останатите земји во светот.

– Во овој контекст, Грција, во соработка со партнерите во Европската унија го задржува правото да ја ревидира нејзината политика. Врз основа на анализата на епидемиолошките податоци, беше одлучено да се одложи, од понеделник 6 јули 2020 година во 6 часот до 15 јули, влезот на државјани на Србија во Грција, од сите влезни точки. Единствен исклучок се есенцијалните причини за влез – соопшти Пелони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Како изгледа тестирањето за Ковид-19 на туристи на грчката граница

Грција ја затвора границата со Србија поради епидемиолошката состојба, голем број српски туристи биле позитивни на Ковид-19

МИА/Фото/видео: Ruptly/Jelena Vasic

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Построги мерки во Грција заради делта сојот на коронавирусот: Нема забави, само гости на маса во баровите

Редакција

(Видео) Спектакуларен огномет за дочекот на Новата година во Белград

Редакција

Во Косово, маслото за јадење чини 3,50 евра за литар

Редакција